Израел се повлекува од УНЕСКО поради дипломатскиот „терор“
Објавено во: Свет 24 Декември, 2017
Израел утре на католички Божик ќе ја донесе конечната одлука за напуштање на УНЕСКО, организацијата за образование, наука и култура при ОН, со конечен излез до крајот на 2018 година. Ова значи дека многу објекти на УНЕСКО во земјата веќе ќе се чуваат според политиката и можностите на израелската држава, а не на светската организација, која ќе загуби од својот буџет и израелската рата, која и онака не се внесува од 2011 година.
Во петокот, премиерот Бенјамин Нетанјаху дал инструкции на Кармел Шама Хакоен – амбасадор на УНЕСКО, официјално да го врачи писмото на генералниот директор Одри Азуле. Таа е со мароканско и француско државјанство и е првиот шеф на организацијата од еврејско потекло.
Повод е гласањето во Генералното собрание на ОН во четвртокот на необврзувачка резолуција со која се повикуваат САД да ја повлечат одлуката да го признаат Западен Ерусалим за главен град на Израел. Причината е иста како онаа со која Вашингтон објави пред неколку месеци дека до 2019 година земјата се повлекува од УНЕСКО поради систематска антиизраелска позиција.
Израел тврди дека постојано се соочува со антисемитски одлуки на УНЕСКО благодарение на земјите од муслиманското мнозинство и дека не може да ги заштити своите национални интереси. Израел може да и да се предомисли и да остане во организација, но само доколку дојде до промена на овие политики.