08 Октомври, 2024
0.0257

Израел во Газа за прв пат употреби оружје со вештачка интелигенција

Објавено во: Свет 10 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Израелската војска за прв пат распореди воена технологија со вештачка интелигенција во борбите во Газа, што ги зголеми стравувањата од употреба на автономно оружје во модерното војување.

Станува збор за оптички нишан кој користи вештачка интелигенција, а која е создадена од израелскиот стартап „Smart Shooter“. Овој нишан е поврзана со оружје како што се пушки и митралези.

„Тоа им помага на нашите војници да пресретнат беспилотни летала бидејќи Хамас ги користи многу. Секој редовен војник, дури и слеп војник, тој оптички нишан го прави снајперист“, изјави неименуван воен претставник за новинската агенција АФП.

Зголемениот број на цивилни жртви покажува дека е потребен многу поголем надзор над употребата на новите форми на одбранбена технологија, рече Мари Вејрем, заменик-директор на Одделот за оружје во Хјуман рајтс воч.

„Сега се соочуваме со најлошата можна ситуација на смрт и страдање, а дел од тоа е предизвикано од новата технологија“, рече таа.

Интензивните борби меѓу израелските војници и оперативците на Хамас продолжуваат во јужниот, централниот и северниот дел на Појасот Газа. Најмалку 28 цивили загинаа, а десетици се повредени во ноќен напад на израелската армија врз станбени згради во Рафа, според палестинските медиуми, додека градоначалникот Ахмед ел Суфи предупредува дека „секоја воена акција во градот со повеќе од 1,4 милиони ги водат Палестинците во масакр и крвопролевање“. 

Претставник на Хамас вели дека разговорите за примирје одржани во Египет биле „позитивни и добри“ и дека се чека одговорот на Израел. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?