ИЗРАЕЛСКИТЕ МИНИСТРИ ДОБИЈА САТЕЛИТСКИ ТЕЛЕФОНИ, ИРАН МОЖЕ ДА НАПАДНЕ: И Израел со иста закана, „ ќе напаѓаме и многу посилно“
Објавено во: Свет 02 Август, 2024
Израелските
министри добија сателитски телефони поради можен напад од Иран. Постои голема
загриженост дека телефонските линии може да се оштетат доколку Иран ја нападне
земјата, пишуваат денеска израелските медиуми.
„Владините министри добија сателитски телефони како форма на подготовка за можна одмазда за убиствата на главниот воен командант на Хезболах, Фуад Шукр и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, за чија смрт во голема мера се обвинува Израел“, пишува Инет. портал.
Сателитските телефони, наводно, биле дистрибуирани поради загриженоста дека нападот на Иран или Хезболах може да ги уништи телефонските линии и да ја наруши мобилната мрежа, пишува „Times of Israel“.
Истовремено, началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-полковник Херзи Халеви, вели дека Израел е „подготвен да оди далеку“ и ќе ги нападне сите оние што и штетат на земјата.
„Оние кои ги напаѓаат граѓаните на Израел, оние кои ја напаѓаат државата Израел, ние сме подготвени да одиме далеку, знаеме да вложиме големи напори за да донесеме многу точни разузнавачки информации, да нападнеме, убиваме и исто така да ризикуваме“, им вели Халеви на војниците за време на синоќешната посета на Појасот Газа.
„Напаѓавме во Бејрут и напаѓаме во Газа, и ќе бидеме многу силни во одбраната, а потоа ќе напаѓаме и многу посилно“, додава тој.