Извештајот на СЈО денеска пред собраниска комисија
Објавено во: Македонија 23 Април, 2018 07:30
Шестмесечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември до 15 март денеска ќе биде на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во извештајот објавен на 15 март се наведува дека во текот на извештајниот период од страна на судот се целосно одобрени 15 обвиненија поднесени во јуни 2017 година.
„Во оваа смисла, петтиот извештаен период несомнено претставува потврда на целокупната работа на тимот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од неговото започнување со работа и заклучно со поднесувањето на овој Извештај“, пишува во извештајот.
Во текот на петтиот извештаен период, исто така, СЈО отвори седум нови истражни постапки против вкупно 17 лица.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




