19 Декември, 2025
0.6043

Извлекувањето на фискални сметки во вторник, наместо во понеделник

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2014 14:08

Добивај вести на Viber

Шестото извлекување од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА ќе се одржи на 27ми мај – вторник со директен пренос на МРТ ОД 20:00 часот, наместо на 26ти мај, соопшти Државната лотарија. Причината за ова е што на 26ти мај – понеделник во салата Борис Трајковски, ќе се одржи големиот хуманитарен концерт под име "Да се обединиме во хуманоста", за помош на погодените од поплавите, со пренос на МРТ од 19:00 часот. Инаку, во ова шесто извлекување од наградната игра ќе се извлекува за 150 вредносни ваучери и главна награда автомобил Wolksvagen Polo. Неизвлечените коверти од ова извлекување како и ковертите од второто, третото, четвртото и петтото извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија, ќе учествуваат во 7-мото извлекување кога покрај редовните награди ќе се извлекува за стан и деловен простор, а кое ќе се одржи на 30ти јуни. До сега од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА, под покровителство на Министерство за финансии, се доделија еден стан – на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово, еден деловен простор на добитникот од Струга – Димитар Миладинов, пет автомобили на:  Панде Мановски од с. Буково Битола, од прво извлекување; Перица Јанковска од Прилеп, од второ извлекување; Филиповска Весна од Штип, од трето извлекување; Розита Шијакоска од Прилеп од четврто извлекување и Милица Поповска од Неготино, од петото извлекување. Покрај главните награди за претходните пет извлекувања доделени се и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија. Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та. Ковертите покрај испраќање по пошта може да се оставаат и на пунктови во наменски кутии од кои се три постојани во Скопје – пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон плоштад Македонија и една во влезот на зградата на МРТ. Низ поголемите  градови низ РМ пред секое извлекување се одвива караван со поставување пункт пред продажно место на Државна лотарија на Македонија, во поединечни денови. Независно дали ковертот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на ковертот мора да е напишана целосната адреса на примачот: Државна лотарија на Македонија Бул. Гоце Делчев, бр 8, поштенски фах 363 За награднат игра Фускална во рака – награда без мака Караванот пред петтото извлекување до сега ги посети: Тетово, Неготино, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија и Кавадарци, денеска е во Кичево во продажното место Детелинка, во четврток во Гостивар пред Јотон,  петок во Охрид пред Прагма, а сабота во Струга пред продажносто место Кики Твинс. Граѓаните на овој начин можат да дојдат до вредни награди, но истовремено помагаат во изградба на патишта, училишта, болници и други капитални проекти во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година