19 Декември, 2025
0.0486

Извршители наплатиле фантастични 104 милиони евра од граѓаните лани, доаѓа ли уште полошо?

Објавено во: Економија 03 Март, 2013 08:30

Добивај вести на Viber

Кризата го зема својот данок и во 2012 та година, кога продолжи да расте бројот на граѓани и на фирми што не можеле навреме да ги плаќаат долговите кон банките, државата и меѓусебе. Само по основ на извршни решенија за неплатени, а доспеани долгови, лани извршителите наплатиле 104 милиони евра. Во споредба со 2011- та година, кога биле наплатени 80,1 милион евра, оваа бројка како апсолутен износ е значајно поголема. Наплата во 2012 та година           104 312 352 евра Наплата во 2011 та година             80 106 316 евра Но, Гордан Становиќ, првиот човек на Комората на извршители за “Фактор“ вели дека сумата се зголемува, а реализацијата на наплатата оди се потешко. “Податоците за 2012 покажуваат дека вкупно биле примени 164.055 барања за извршување а 33 384 биле реализирани, што значи процентот на завршени предмети во однос на примени предмети изнесува 25, 74% и покажуваат пад на реализацијата во однос на 2011 година каде процентот беше 42,65% “ – објаснува Станковиќ. Од Комората велат дека овие показатали се логична рефлексија  на кризата и на ослабената финасиска моќ на граѓаните и фирмите да  ги серивисираат обврските. Сепак, изврштелите укажуваат дека должниците можат да го забават, но не и да го запрат извршувањето. “Кондицијата“ за навремено плаќање на долговите генерално зависи од платежната моќ на граѓаните и правните субјекти, меѓутоа често се јавува и случај на намерно неподмирување на долговите односно немање на платежна култура како резултат на лекомислено сметање дека до присилна наплата сепак нема да дојде доколку се избегнува достава на судски а подоцна и извршителски акти или пак дека ќе може да се најде начин да се избегне обврската.“ – вели претседателот на Комората на изврители. Во структурата на предметите за извршување, на прво место се тужбите против фирмите. Еве кој и колку должи  споед  најновите сумирани  податоци на изврштелите за 2012 та година : Предмети против фирмите               128 620 Предмети против  граѓаните              15 037 Предмети против  државни орани      20 388 Иако нема комлетна анализа за тоа по кој основ и кому му должат граѓаните, од Комората на извршители посочуваат дека најголем дел од тужбите се испорачани од енергетските, комуналните и телекомуникациските  компаниите за неплатени сметки за струја, вода, телефон. Дека се влошува финасиската кондиција на граѓаните и на компаниите покажуваат и мерењата на народната Банка кои во континуитет бележат раст на бројот на блокирани сметки како резултат правосилни судски одлуки. Годинава почна со речиси 147 000 блокирани сметки при што само за еден месец, во однос на декември бројката се зголемила за 1 050 новоблокирани жиро сметки. Според последните расположливи податоци, во јануари под блокада биле 40 000 фирми и 31 000 граѓани. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар