17 Декември, 2025
0.0608

Јакимовска: Го потценуваме и истиснуваме убавиот македонски израз и збор

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2018 06:40

Добивај вести на Viber

Денеска за жал сè почесто сè соочуваме со непочитување на македонскиот литературен јазик, вели професорката по македонски јазик, Емилија Јакимовска.

Додава дека најчесто стандардниот јазик се заменува со дијалектниот говор.  Институциите многу ретко ги проверуваат текстовите што ги објавуваат, а издавачките куќи издаваат дела со лоши преводи и многу правописни грешки, вели професорката.

„Најчести грешки кога се пишува се слеано и разделено пишување на зборовите, наместо њ и љ, се пишува н и л, наместо ќ и ѓ, употребуваат к и г. Бидејќи секојдневно се соочуваме со латинично писмо, некако полесно ни доаѓа да пишуваме на латиница, а со самото тоа се губи и значенската смисла на зборовите или на исказот. Бидејќи јазикот е жива материја, многу нормално е еден јазик да трпи влијание од соседните јазици или од другите светски јазици. Проблем е тоа што кога имаме наши соодветни убави изрази употребуваме странски зборови. На тој начин го потценуваме и истиснуваме убавиот македонски израз и збор. Најчесто употребуваме ок, скор, лифе, фенси и друго. Во последно време забележувам дека и истите зборови ги пишуваат со кирилско писмо. Единствено што можеме да направиме е секогаш кога сме во можност да пишуваме со кирилско писмо, да употребуваме македонски изрази и да не ги заменуваме со туѓи зборови. Да се трудиме медиумите и институциите да ги почитуваат нормите на стандардниот јазик“- вели Јакимовска.

Сепак, македонскиот јазик денес е под  големо влијание на англискиот кoj e интернационален јазик.

„Денеска влијанието на англискиот јазик е слободно можам да кажам огромно, бидејќи гледаат телевизиски програми на англиски јазик подоцна имаат проблем со совладување на македонскиот литературен јазик. Учениците знаат да кажат „знам што значи ама не знам како е соодветен израз на македонски јазик“. By the way, Kiss, No problem, ок, live, tomorrow, life, live се изрази кои најчесто ги користиме во секојдневниот разговор. Младите употребуваат жаргони и како што се менуваат генерациите така се менуваат и жаргоните. Влијанието на српскиот јазик е нормално, пред сè затоа што тоа е соседен јазик и контактот е неизбежен. Нашите медиуми пренесуваат програми на српски јазик и нормално е употреба на србизми посебно во северниот дел на Република Македонија. Ова влијание има менлив и минлив карактер, а на нас останува да го спречиме хаосот кој може да настане со влијание на туѓите јазици“- објаснува Јакимовска.

Сепак, јазикот мора да се чува и негува, да се познава добро македонскиот правопис и првоговор.

„Мисијата на многу лектори е неуспешна штом има книги со печатни грешки. Се прават многу јазични грешки на социјалните мрежи, и во комуникација. Од друга страна, јас сакам турцизми, архаични зборови и многу често ги користам во поезијата бидејќи имаат посебно богатство“- вели поетесата Јулијана Маринковиќ. 

Во Македонија вчера беше одбележан 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски