ЈАКИМОВСКИ СЕ ПРОСТИ ОД КАРПОШ: Одржа последен прес како градоначалник
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2025 07:00
Градоначалникот на Општина Карпош во заминување Стевче Јакимовски вчера на прес-конференција изјави дека четири години и три дена по преземањето ја остава општината со 72 милиони денари на жиро сметка, со измирени сите тековни обврски, судски пресуди кои уредно се сервисираат.
- До денес Општина Карпош има приходи од 700 милиони денари, а до крајот на годината ќе има скоро 800 милиони денари. Или, сум презел општина со 6 милиони евра приход и 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход. Она што е најважно, приходите на општината се качени во четиригодишен мандат кој важи за период на дезинвестирање, рече Јакимовски.
На прес-конференцијата тој кажа дека во моментот во Карпош се гради само една висококатница и два објекта во Момин Поток и три помали објекти од пет ката.
- За разлика од нас, има општини во кои во моментот се градат над 80 станбени згради повисоки од шест ката. Ова само покажува колку сме биле вешти во менаџирањето на приходите и како општина Карпош, со покачување на даночните приходи успеа да ја стабилизира општината и од истата да направи самоодржлив проект, рече Јакимовски.
Како што кажа на 4 ноември 2021 година не наследил ниту еден сериозен инфраструктурен проект, а денес на 7 ноември остава 4 проекти во тек, 12 проекти за кои се склучени договори и воведени во работа и фирмите воведени во работа, 4 проекти за кои течат тендерски постапки и уште 6 проекти одобрени од Владата со вкупна вредност над 9,5 милиони евра. Покрај ова, во фаза на изработка, нарачани се уште 10 инфраструктурни проекти, меѓу кои и катна гаража за Карпош 1.
На 4 ноември, 2021 година, кога стапил на функцијата од неговиот претходник наследил 330 милиони денари блокирана сметка и уште една блокада од УЈП на 39 милиони денари, или вкупна блокада на 369 милиони денари.
- Да потсетам, Буџетот на Општина Карпош во 2020 година бил 363 милиони, или толку биле вкупните приходи, рече Јакимовски на неговата последна прес-конференција како градоначалник на Карпош.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас
Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат
Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе
Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов




