Јакимовски вели дека Мицкоски прави театар со иницијативата за референдумот
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2022 19:22
Стевчо Јакимовски од ГРОМ за Тв 21 изјави дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прави театар со иницијативата за референдумот.
Вели дека да беа против францускиот предлог, нивните пратеници ќе беа во собраниската сала и ќе гласаа „против“.
„Ова негова тајна игра беше како дете кога ќе стави јастук на главата и ќе рече кај сум. Ова така го правеше Мицкоски. Потполно е јасно која игра ја одигра. И што е најстрашно толку неотесано продолжува да ја игра, обидувајќи се да организира референдум, кој што 102,6 отсто ќе биде неуспешен, нема да има мнозинство, ама него му треба референдумот за да се испере пред меѓународната заедница, а потоа да добие отворен пат во парламентот да ги гласа уставните промени“, вели Јакимовски.
Но, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за критиките одговара со контра критики. Тој вели дека нападите кои како што вели ги трпи во изминатите денови се организирани од власта, преку како што рече, нивните инсталации во опозицијата.
Можеби ќе ве интересира
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците




