Јанева не се плаши од прашања - вели има поддршка од Груевски
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
Не се плашам да одговорам на сите прашања на пратениците денеска бидејќи имам поддршка од експремиерот Никола Груевски, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Таа го презентира шестмесечниот извештај за работата на СЈО пред собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Јанева побара од пратениците да се направат измени на Законот за заштита на сведоци и на Законот за кривична постапка со кој ќе се продолжи рокот за работата на СЈО. Вели дека ова е во интерес на граѓаните.
Од говорницата Јанева кажа дека по 13 години како обвинител, чест и е што првпат во историјата на Република Македонија, таа претставува обвинителство.
Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е во тек.
Извештајот за работата на СЈО е ставен и на дневен ред на седница на Собранието закажана за в понеделник.
Ова е втор извештај за работата на СЈО, а првиот Јанева не го образложуваше во Собранието.