Јанева: За двете обвиненија СЈО има доволно докази
За двете обвиненија СЈО има доволно докази, изјави вечерва специјалната обвинителка Катица Јанева во интервју за МТВ.
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
„За двете обвиненија за кои ме прашувате СЈО има доволно докази, поради што очекуваме судот да постапи согласно изнесените докази и дека по нив ќе одлучува согласно законот. Јавноста треба да биде убедена дека како поднесените обвиненија и другите ќе бидат засновани на факти и докази“ - рече Јанева во интервјуто на МТВ.
Таа смета дека и во Кривичен и во другите судови има професионалци кои си ја вршат професионално работата.
Од 11 март до 15 септември се преслушани 12% од материјалите и се надева дека во новите простории ќе работат побрзо.
Таа вели дека сака да соработува со Собранието и со Советот на јавни обвинители, каде ќе треба да го образложи извештајот, заради СЈО, и за да се направат законски измени за заштитени сведоци.
Јанева се надева дека Уставен суд ќе донесе одлука во корист на СЈО кога ќе се произнесува за уставноста.
„Тоа е во интерес на граѓаните и во интерес на владеење на правото во Македонија“ - вели Јанева.
Додаде дека спие мирно и дека сите во СЈО се свесни за одговорноста на работата која ја вршат.