01 Декември, 2024
0.0285

ЈАНЕВСКА ОЧЕКУВА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ИСЕЛУВАЊА: „Ќе направиме сѐ да ги задржиме студентите“

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена сме на добар пат. Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека и бројот на иселувања ќе се намали. Ова синоќа на телевизија „Сител“ го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

- Имав средба со раководства на универзитети, за да го подобриме квалитетот на образование. Сите сме согласни дека треба да се менува законот за високо образование, критериумите треба да се зајакнат. Тргнуваме од предлозите на академската заедница, потоа би интервенирало Министерството. Треба трудови со импакт фактори, треба проекти со Европската Унија, со истражувачки центри, вмрежување во европски мрежи на универзитети, верувам дека сето тоа ќе го постигнеме со тек на време. Но, ќе треба и промени во нашите студиски програми, да им станат поатрактивни на студентите. Да ги подготват за пазарот на трудот, подвлече министерката. 

Таа најави сериозна анализа на потребите на пазарот на труд. Притоа, појасни дека квотите за упис ќе се одредуваат според потребите на пазарот на труд, ќе се стипендираат дефицитарните струки со соодветно обврзување, одреден дел од својот работен век да се вложи во сопствената држава. 

Министерката рече дека определениот број образовни асистенти се влезени во училиштата, функционираат.

- Слушнав од неколку родители дека некаде недостасуваат, ќе распишеме дополнителен конкурс за одреден број, да дополниме, колку што дозволува буџетот. За следна година ќе определиме повисок процент на средства, рече Јаневска. 

Во врска со најавен протест на образовни асистенти, кои не добиле паричен надоместок со месеци, рече дека редовно примаат, но, дека таа не е виновна за она што се случувало пред оваа влада, имало наследено неисплатени обврски. 

- Асистентите воопшто да не се вознемируваат, редовно ќе си примаат тоа што им следува, подвлече Јаневска.

Таа истакна дека е навистина многу задоволна од начинот на којшто комуницираат со СОНК. 

- Јас ги разбирам нивните ставови, па дури и благите закани дека ќе има протести или евентуално, штрајкови, тоа е нивна работа, како што наша работа е пак да се грижиме за буџетот како влада на државата и да го правиме она што е можно со тој буџет, истакна Јаневска. 

Притоа, додаде дека имале неколку состаноци со претставници на СОНК, со премиерот, со министерката за финансии, министерот за економија, советникот за социјални партнери. 

- Разговаравме неколку можности, како да направиме за да бидат задоволни наставниците. Мислам дека ќе се најдеме во блиска иднина на една повеќегодишна развојна програма би рекла, каде ние како влада би се обврзале на постојано покачување на платите на наставниците до одредена сума на нето бруто плата, односно, она што тие го бараат во однос на основната или просечната плата. Сеедно, како и да се договориме, методологијата ќе се изработи. Но, сѐ уште ни треба извесен период за да се доусогласиме и да видиме што ќе се случува и овој месец со буџетот. Очекувам дека ќе имаме некакви позитивни исходи во блиска иднина, рече министерката. 

Јаневска истакна и дека Националната комисија за учебници има многу работа.

- Новиот директор на Педагошката служба ме информираше дека имаат деветстотини заостанати предмети, тоа се авторски тимови, рецензии и така натаму. Бирото за развој на образованието веќе работи на новите наставни програми за седмо и осмо одделение. Тие беа на јавна расправа, сега ги анализираат забелешките. Договорени сме во текот на идната недела да имаме средба, ние не се мешаме во стручноста, но, да си размениме информации и продолжуваме со реформите на наставните планови и програми, на спроведување на едносменска и по можност, целодневна настава што е можно во повисоки одделенија, правиме анализи и планови за доградба на училници, изградба на училишта, нагласи Јаневска. 

Таа изрази надеж дека општините ќе го искористат повикот за капитални инвестиции за вложување во образовната инфраструктура. 

- Оние двесте и педесет милијарди што ќе влезат во општините за доградба на училишта и подобрување на инфраструктурата за образование, ќе градиме и спортски сали, значи големи промени очекуваме. Но, се разбира, ден за ден, месец за месец, за да стигнеме до целта, подвлече Јаневска.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОЧЕКУВАМ ИЗВИНУВАЊЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ ТУЖАМ - Груби ги демантира Вреди, вели дека нема врска со инцидентот

ОЧЕКУВАМ ИЗВИНУВАЊЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ ТУЖАМ - Груби ги демантира Вреди, вели дека нема врска со инцидентот

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика