Јанкулоска со ист став: СЈО нема никаков кредибилитет!
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017
Екс министерката Гордана Јанкулоска денеска се појави на распит во СЈО.
Јанкулоска не сакаше да открива за кој случај била сослушувана бидејќи случајот е во преистражна постапка.
Поранешната министерка за внатрешни работи уште еднаш го повтори ставот дека СЈО е продолжена рака на СДСМ и Заев и дека нема никаков кредибилтет.
„СЈО работи само во случаи кога на Заев ќе му треба помош и се активира по негови потреби“, рече Јанкулоска.