18 Декември, 2025
0.0979

ЈАНУАРСКАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ Е 10, А ВО ЕВРОЗОНАТА 8,6 ОТСТО - кога ќе „олабави“ Македонија која имаше 17,1 процент

Објавено во: Финансии 23 Февруари, 2023 14:06

Добивај вести на Viber

Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември. Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто.

Истовремено, годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто, објави статистичка агенција на ЕУ, Евростат.

Најниска инфлација во јануари има Луксембург со 5,8 отсто, Шпанија со 5,9 отсто, Кипар и Малта со по 6,8 отсто.

Највисока годишна инфлација е забележана во Унгарија од 26,2 отсто, Летонија (21,4 отсто) и Чешка (19,1 отсто).

Споредено со декември, инфлацијата опаднала во 18 земји-членки на ЕУ, а се зголемила во девет.

Најголем придонес во јануарската инфлација имаат храната, алкохолните пијалоци и тутунот со 2,94 отсто, енергијата со 2,17 поени, услугите со 1,8 поени и индустриските производи со 1,73 поени. 

Додека, пак, ако се направи споредба со Македонија, кај нас во јануари годишната стапка на инфлација изнесувала 17,1 отсто. 

Сепак, според експертите месечната стапка на инфлација е една од причините за смирување. Укажуваат дека минималните стапки на раст на трошоците на живот на месечна основа се знак за стабилизација на ценовниот притисок.

„Ценовниот раст запре уште претходниот месец, односно на месечно ниво забележавме мал пад во декември, додека во јануари незначителен раст на цените, што се рани знаци на стабилизација на ценовниот притисок. Тековно, согледувањата за ценовните движења на глобално ниво, и на Европскиот континент, се дека пикот на инфлацијата е зад нас, односно дека влеговме во фаза на стабилизација и благо олабавување на ценовниот притисок, што се должи на реакциите на централните банки и подобрувањето на состојбата со понудата на пазарите на одредени стоки“, објасни за Фактор професорот Марјан Петрески.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска