18 Декември, 2025
0.0547

Забавува ли ценовното „цунами“ – поскапувањата на месечна основа минорни, на годишно ниво храната најмногу поскапела

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2023 07:46

Добивај вести на Viber

Најновите податоци за инфлацијата во земја покажуваат дека на месечна основа трошоците на живот пораснале минимално, а први знаци за забавување беа регистрирани минатиот месец. Сепак, споредено на годишна основа поскапувањата се значителни. Во јануари годинава сме плаќале за 17,1 отсто поскапи продуките отколку истиот месец минатата година.

Сепак, токму месечната стапка на инфлација според експертите е една од причините за смирување. Укажуваат дека минималните стапки на раст на трошоците на живот на месечна основа се знак за стабилизација на ценовниот притисок.

- Ценовниот раст запре уште претходниот месец, односно на месечно ниво забележавме мал пад во декември, додека во јануари незначителен раст на цените, што се рани знаци на стабилизација на ценовниот притисок. Тековно, согледувањата за ценовните движења на глобално ниво, и на Европскиот континент, се дека пикот на инфлацијата е зад нас, односно дека влеговме во фаза на стабилизација и благо олабавување на ценовниот притисок, што се должи на реакциите на централните банки и подобрувањето на состојбата со понудата на пазарите на одредени стоки – објаснува професорот Марјан Петрески.

Петрески за „Фактор“ исто така дополнува дека на глобалната сцена веќе има и намалување на цените на храната, иако тоа не се чуствува и кај нас.

-  Кај глобалните цени на храната, дури е евидентно намалување во подолг период, меѓутоа тоа сеуште не е доволно отсликано во домашната економија, дел поради компензирањето со цените на енергијата, што требаше да се адресира со фиксирањето на цената на струјата за прехранбената индустрија, дел поради кумулирани залихи, но и дел поради пазарните односи во одредени сегменти од производството на храна. Но, доколку не настане некој нов шок што сега не можеме да го предвидеме, очекувам дека олабавувањето на ценовниот притисок кај храната ќе продолжи, односно кај одредени продукти ќе видиме понатамошно намалување на цената, но не очекувам дека тоа ќе биде во обем во кој се надева владата – потенцира Петрески.

Професорот додава дека севкупната стапка на раст на цените, и понатаму ќе остане позитивна и релативно висока во текот на оваа година, главно како последица на пренесени ефекти од цените на храната и енергијата врз останатите сегменти од потрошувачката кошничка, особено кај стоките и услугите за домаќинствата и палета од разновидни стоки и услуги чии цени беа постабилни во текот на 2022.

-  Но, севкупно гледано, моменталниот амбиент за водењето на економските политики стана поповолен во однос на состојбата од пред два-три месеца, но неизвесноста е присутна и понатаму, и потребна е будност од носителите на политиките, особено за годинава ќе биде клучно однесувањето на фискалната политика – укажува Петрески.

Од податоците кои ги објави ДЗС може да се види дека токму најголеми одар врз џебот на граѓаните бил преку храната. На годишно ниво, односно во јануари годинава храната била поскапа за 25,8 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Притоа, лебот поскапел за дури 39,1 процент, месото пак за 28,3 отсто, додека млекото, сирењата и јајцата за 36,2 проценти. Но, не поскапела само храната, туку скоро се што се користи во домаќинствата. Безалкохолните пијалоци за 14,7 проценти, шеќерот, чоколадото и џемот за 17,2 отсто, се зголемиле и кафето и чајот за 17,3 отсто. Виното исто така поскапело и тоа за 14,4 проценти.

Растот на цените на производите изврши силен притисок врз граѓаните, осбоено посапувањето на основните хранливи продукти. Како што објавивме пред неполн месец, лебот беше меѓу производите кој забележа највисок ценовен раст

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа