ЈАЗИКОТ ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА, КУЛТУРАТА...Според Филипче тоа се црвените линии за кои ниту една влада не треба да преговара
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2025 07:30
Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа изјави дека резолуцијата што ја предлага СДСМ е обид за создавање национален консензус за најважните државни интереси во процесот на евроинтеграции. Во резолуцијата, како што вели тој, се прецизираат црвените линии околу кои политичките партии треба да се обединат, а тие се: јазикот, идентитетот, културата, историјата – прашања за кои „никогаш ниту една влада не треба да преговара“.
- Во вториот дел јасно кажуваме што се нашите црвени линии. И тоа не го кажуваме првпат. Дополнително, истите се содржани и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Филипче во интервју на ТВ Канал 5.
Тој потсети дека слични декларации веќе се изгласани во Собранието и од власта и од опозицијата, и ја повика ВМРО-ДПМНЕ искрено да се изјасни дали има реална загриженост за идни блокади или тоа е само изговор за да се избегне напредок.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ иако има значајно мнозинство во Собранието, досега не направила ништо конкретно за евроинтеграциите, што смета Филипче, буди сомнеж во нивните вистински намери.
- Ако имаат 58 пратеници, за овие скоро две години, нешто требаше да направат. Не направија ништо, рече Филипче.
Филипче рече дека дополнително оваа резолуција за првпат внесува временска рамка – уставните измени да се изгласаат до крајот на годината, а потоа да се отворат преговарачките поглавја со ЕУ.
Повика на политичка зрелост и надпартиска одговорност. - Ајде да бидеме еднаш сериозна држава. Ајде да покажеме капацитет. Ајде да седнеме сите заедно и да спремиме наш документ, како секоја сериозна држава, рече Филипче.
Во однос на гаранциите од ЕУ во случај на нови блокади, Филипче смета дека со писмо од државниот врв до европските лидери треба да се побара поддршка и вклученост од нивна страна. Тоа, според него, нема да значи замрзнување на преговорите туку дека треба да се вклучи Европската Унија со малку поинаков концепт и да ни помогне.
Како аргумент Филипче го посочи променетиот став на некои западни земји како Данска и Франција, кои сега изразуваат отворена поддршка за проширувањето. Според него, ако конечно постои внатрешен консензус и национално единство, нема да има надворешна сила што ќе ја блокира земјата на патот кон ЕУ.
-Ако интензивно работиме на спроведувањето на реформите, никој не може да не запре. Никој, никогаш и од ниту една страна, рече Филипче.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




