Јазикот, националноста и меѓународните кодови остануваат исти
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2018 12:32
„Република Илинденска Македонија“ е предлогот за решавање на спорот за името, за кој вчера во Софија разговарале македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас, тврди и телевизијата 1ТВ, со тоа што јазикот, националноста и меѓународните кодови остануваат суштински непроменети.
Решението за спорот е промена на името, но предвидува јазикот и националноста да останат непроменети. Јазикот и понатаму ќе биде македонски. Во графата – националност, според предлогот ќе да биде запишано: Македонски/граѓани на Република Илинденска Македонија. Нема да има ниту промена на меѓународните кодови и ќе продолжат да се користат кратенките, МК/МКД.
Идејата е со референцата „Илинденска“ да се потврди историскиот континуитет на државата на кој се реферира и во Преамбулата на Уставот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




