16 Декември, 2025
0.0538

„Јоми фуд“ – Велес ќе добие дизајниран автентичен изглед и бренд за своето слатко

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2014 13:54

Добивај вести на Viber

Седум видови на слатко од асортиманот на компанијата „Јоми фуд“ од Велес ќе добијат нов автентичен дизајн и бренд идентитет. Млади дизајнери и креативци ќе работат на брендирање на производите на компанијата која беше избрана Управниот одбор на Движењето за поддршка за креативноста – Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ и Skopje Design Week. Пресудно за изборот на компанијата беше асортиманот на слатко од различни овошја, присуство во малопродажната мрежа во Македонија и користење на домашна суровина за производство. „Јоми фуд“ од Велес во својот асортиман има седум видови на слатко и тоа од вишна, малина, зелена смоква, јагода, портокал, дива капина и аронија, а слатката се произведуваат по традиционална рецептура без користење на додатоци. Со денешното потпишување на договор за соработка меѓу Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, Skopje Design Week и „Јоми фуд“, се предвидува компанијата да го промени целокупното брендирање и изглед на производите во рок од една година.
„Особено сме задоволни од интересот на компаниите за подобрување на дизајнот и брендирањето на производите. Свесни дека имаме квалитетни национални производи, ние се залагаме за подобрување на нивниот естетски изглед во насока на што поконкурентни производи и на домашниот и на странските пазари. Спојот на дизајнот и производот секогаш даваат добри резултати, ги поттикнуваат креативците, ги мотивираат компаниите, а потрошувачите се задоволни“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ член на Управниот одбор на Движењето за поддршка за креативноста – Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.
По изборот на компанија ќе следи распишување за конкурс на дизајнери и креативци кои ќе добијат конкретни насоки за карактеристиките на производите на компанијата Јоми фуд. Конкурсот ќе биде распишан деновиве, а ќе трае до 1 септември годинава. Победничкото решение ќе биде објавено во рамките на годинешното издание на Skopje Design Week, а ќе биде наградено со парична награда во износ од 200.000 денари, која ја обезбедува Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ - „Браво сине“.
Јоми фуд веќе осум години постои на пазарот и нашето искуство покажува дека за понатамошен развој и за градење на силен национален бренд неопходно е создавање на нов идентитет на нашите производи што ќе раскаже една автентична и препознатлива приказна. Помошта во тој дел од професионални дизајнери со свежи идеи ќе биде од огромно значење за нас, бидејќи ваква шанса не се добива често“, изјави Зоран Аврамов сопственик на компанијата.
Главна цел на Skopje Design Week е поврзување на креативните идеи со реалниот сектор и создавање на дизајнерски производи кои ќе имаат нова додадена вредност.
„Токму затоа и овој проект е од огромно значење бидејќи од него ќе произлезе нова успешна приказна на пазарот. Веќе се покажа дека спојот на дизајнери со компании дава врвни резултати“, изјави Марта Наумовска Грнарова претставник на Skopje Design Week.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“