17 Декември, 2025
0.0664

Јорданските бизнисмени заинтересирани за увоз на вода, сокови и храна од Македонија

Објавено во: Економија 13 Септември, 2013 18:38

Добивај вести на Viber

Со потпишување на меморандум за соработка ќе се зацврстува и интензивира бизнис соработката меѓу стопанствениците на Македонија и Јордан. Денеска членовите на Сојузот на стопански комори, се сретнаа со бизнисмените од Стопанска комора на Јордан по што ги договорија идните чекори за соработка. „Компаниите од Јордан доаѓаат од повеќе сектори, и главно се заинтересирани за соработка во земјоделството, градежништвото, ИКТ, финансии, туризам, обновливи извори на енергија. За Јорданците особено е интересен ИКТ секторот за кој географската дистанца не претставува никаков проблем, а во делот на градежништвото бизнисмените ги разгледуваат опциите за заеднички настап на трети пазари. Веќе има и конкретен интерес за увоз на вода, сокови и преработки од храна. Ние не сме традиционални трговски партнери, надворешно трговската размена  меѓу двете земји е 250-300 илјади американски долари, што е многу малку и треба да се зголеми. Сепак, Македонија има суфицит во извозот со Јордан и околу 50 % од нашиот извоз кон Јордан се делови од автомобилската индустрија “, изјави извршниот директор на ССК, Митко Алексов Заменик претседателот на Стопанската комора на Јордан, Иса Мусад смета дека има голем потенцијал за соработка меѓу двете земји. „Јорданските компании имаат интерес за соработка и инвестиции. Во двете земји има компатибилни сектори и се надевам дека ќе имаме почести средби. Имавме можност да ги разгледаме и слободните економски зони и гледаме потенцијал за соработка“, истакна Мусад. Денешниот бизнис форум во организација на Сојуз на стопански комори, со поддршка на Министерството за надворешни работи и  Дирекцијата за ТИРЗ беше одлична можност македонските компании да се запознат со можностите и да работат на придобивање на јорданскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди