20 Април, 2024
0.0279

Јосифовски: Моделите за вишок храна помагаат луѓето да излезат од циклусот на сиромаштија

Објавено во: Македонија 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Теренските анализи идентификуваа околу 13.000 граѓани, по што ние сме решени по секоја цена да најдеме начини за што повеќе луѓе да обезбедиме со храна, вели Блаже Јосифовски, претседател на Асоцијацијата Ајде Македонија за пилот проектот за донирање на вишок храна кој ќе трае до март 2019 година на територија на Скопје.

Вели дека идејата е да излезат со модели и точни бројки околу тоа што треба да се направи од страна на државата, бизнисите и другите чинители за системот за донирање на вишок храна да биде одржлив и да се прошири на национално ниво од наредната година.

„Се тргна со желба на почеток овој систем да овозможува по 2 оброка за 1000 луѓе секој ден, но теренските анализи идентификуваа околу 13.000 граѓани, по што ние сме решени по секоја цена да најдеме начини за што повеќе луѓе да обезбедиме со храна. Неверојатно е колку храбри и пионерски компании имаме, само во подготвителниот период успеавме да донираме повеќе од 1 тон вишок храна за 3300 граѓани. Веќе имаме десетици компании кои започнуваат со донирање на вишокот храна, а многу повеќе веќе доаѓаат. Целта на воспоставувањето на систем за донирање на вишок храна е спасување на храната која се јавува како вишок при производството, преработката и продажбата на храна од страна на бизнис операторите со храна. Наместо оваа храната да завршува на депониите, би сакале безбедната храна да им помогне на илјадници наши сограѓани“ – изјави Јосифовски.

Тој вели дека во земјава се зголемува општествената одговорност на компаниите.

„Сè повеќе расте свеста за општествената одговорност, не само како можност за компаниите да заработат повеќе, туку навистина да му помогнат на општеството од кое и тие се дел. Навистина е интересен податокот дека имаме често бездомници и други социјално загрозени граѓани кои порано биде сопственици на бизниси, што всушност ни кажува дека никогаш не може да знаеме каде може животот да не однесе. Мора да бидеме одговорни за тие што имале помалку среќа, секој од нив може да биде следен на кого му треба помош од друг. Има навистина успешни примери во земјите од Западна Европа, САД, но и од регионот. Тоа што нас не' прави поиновативни е воведувањето на веб- платформа како алатка за брза и едноставна размена на храна помеѓу бизнисите кои имаат вишок храна и граѓанските организации кои имаат потреби за нивните корисници. Овие модели за вишок храна обезбедуваат илјадници тони храна и помагаат на многу луѓе на излезат од циклусот на сиромаштија и гладот “ – вели Јосифовски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 453.000 луѓе во земјава живеат во сиромаштија и не можат да си ги дозволат сите оброци на ден. Семејствата со три и повеќе деца се во поголем ризик.  Во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесувала 21,9 отсто. Од друга страна, илјадници тони безбедна храна се фрла на депониите.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан