ЈОВЕВ Е МОЈ ДОБАР ДРУГАР, НО ОДЛУКАТА НЕМА ДА ЈА ПРЕИСПИТУВАМ: Меџити првото утринско кафе денеска го испил со директорот што го разреши
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2023 14:02
Министерот за здравство Фатмир Меџити откако
на денешниот настан објави за сите активности на неговиот кабинет во првите 100
дена, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека нема да ја преиспитува
неговата одлука во однос на разрешувањето на директорот на Државната
кардиохирургија. Сепак, како што рече, утринава првото утринско кафе го испил
со професорот Сашко Јовев, за кого рече дека тој е негов мил ио добар другар и
колега.
-Професорот Сашко Јовев ќе продолжи да работи во Клиниката за кадриохирургија како најдобар кадар таму заедно со останатиот тим лекари. Ќе се посвети повеќе на пациентите и на работата. Ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор и професор за понатамошната работа. Ќе видиме дали ќе има нов директор. Ќе ја повторам и изјавата од вчера во однос на програмата за трансплатација, ќе се залагам со ребалансот на Буџетот да се зголеми буџетот за трансплатациите, кажа Меџити.
На прашањето дали проф. Јовев ја порифатил неговата покана да биде дел од министерскиот кабинет како Национален советник за кардиохирургија, Меџити истакна дека не зборувале за тоа.
Во однос на сработеното за првите 100 дена од
неговото министерување, Меџири истакна дека покачување на платите за сите
вработени, лекари, сестри, лаборанти, болничари и хигиеничари за 2.000 до 3000
дена и зголемен надомест за дежурства од 125 до 166 отсто се само дел од ангажманот
и успехот во работењето.
– Освен повисоки плати за докторите, реновиравме многу оддели, Центар за дијабетес, Одделот за гастроентерохепатологија, одел во Клиниката за ендокринологија, оддел на Клиниката за токсикологија, во Гостивар одделот за Педијатрија, Тетово ургентен центар- се само дел од клиниките кои се реновирани- рече министерот.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




