ЈСП со нови пробни автобуски линии
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2016
ЈСП пушти пробно возење на автобусот 28 , а веќе од август се најавува пробна ноќна линија што ќе покрива дел од Чучер Сандево од Транспортен центар.
Автобусот 28 вози од транспортен центар до Македонско село а надлежните велат дека се почетите барања на граѓаните за нови линии и зачестување на автобусите е причина за да се зголеми бројот на фреквенциите
Директорот на ЈСП вели дека пробните линии возат неколку месеци, па во зависност од тоа колку патници има го организираат сообраќајот.
Се почести се апелите граѓаните поради безбедноста во сообраќајот да ги користат електронските картички.
„ Многу побрзо и многу подобро е да се користат новите електронски картички, а постапката е скратена. Целта е возачите да возат и да се грижат за безбедноста, а не да продаваат карти. Колку повеќе се користат електронските картички, толку поголема е и безбедноста на граѓаните“, укажува Игор Јанушев.
Како новитет во автобусите на ЈСП се пред неколку дена беше најавено и поставување на држачи за велосипеди на задниот дел од автобусите.