19 Декември, 2025
0.0431

„Јужен поток“ не е приоритет за ЕУ

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2014 12:30

Добивај вести на Viber

Европската унија не ја смета изградбата на гасоводот „Јужен поток“ за свој приоритет, соопштуваат од кабинетот на еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер. Во рамки на работната група на ЕУ за „Јужен поток“, што беше формирана на почетокот на годинава, во моментов единствено „се разменуваат мислења за технички и правни прашања“. Сега не се водат преговори за овој проект на политичко ниво, тој „политички процес е замрзнат поради активностите на Русија во Украина“, велат од кабинетот. - При разгледувањето на овој проект, се разбира, мора да го имаме предвид вкупниот контекст на односите меѓу ЕУ и Русија, потенцира Сабина Бергер, портпаролот на еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер. Претходно, ЕУ им даде овласување на нејзините членки низ кои треба да минува гасоводот - Австрија, Бугарија, Грција, Словенија, Унгарија и Хравтска, кои и на Србија, индивидуално да преговараат со Русија за изградбата на „Јужен Поток“. Рускиот министер за енергетика Александар Новак минатиот петок изјави дека реализацијата на проектот се одвива во согласност со меѓувладините договори и дека таа не може да биде прекината. Некои медиуми објавија дека Бугарија почнала со демонтирање на веќе поставените елементи од гасоводот, но команијата „Јужен поток-Бугарија“ ги демантираше таквите тврдења, нагласувајќи дека изградбата на гасоводот низ бугарска територија продолжува. Српските власти неодамна најавија дека изградбата на трасата од „Јужен поток“ низ Србија ќе започне во текот на претстојното лето. Од трасите на „Јужен поток“ низ Бугарија или Србија, треба да се изгради и крак кон Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза