21 Декември, 2024
0.0303

КАДЕ БИЛ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО НА 24 АПРИЛ 2012 ГОДИНА, КОГА СЕ СЛУЧИ „МОНСТРУМ“ - Европскиот сојуз со прашања до МВР

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

„Европски сојуз за промени“, односно коалицијата на опозицискиот албански фронт - Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива, преку свое соопштение до медиумите бараат власта да одговори дали Љупчо Палевски е вмешан во организацијата на случајот „Монструм“.

„Неодамнешните трагични случувања со убиството на 14-годишното девојче и 74-годишниот велешанец, отвораат дополнителни сомнежи за делата што главниот осомничен за организацијата на делото, Љупчо Палевски, познат по прекарот Палчо, беше вклучен и во другите монтирани случаи.

Кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека главниот осомничен кој го изврши убиството на Вања, како и неговите соработници, работеле за моќни антизападни центри, тогаш логично е да се сомневаме дека истите организатори на убиството на Вања, се вмешани и во организацијата на случајот „Монструм“ каде на грозоморен начин беа убиени пет млади момчиња. И сето тоа, во пресрет на верските празници, со цел преку меѓуетнички тензии да предизвикаат дестабилизација на општеството.

Затоа, Европскиот Сојуз за Промени бара од Министерството за внатрешни работи и од правосудните истражни органи да излезат и јавно да ја информираат јавноста каде бил Љупчо Палевски - Палчо на 24 април 2012 година, денот кога се случи монтираниот случај "Монструм"?

Од друга страна, бараме од Министерството за правда и МВР, не само да ја заморуваат јавноста со изјави во кои се објаснуваат постапките за екстрадиција, туку да го истражат и конкретно да го наведат денот кога ќе биде екстрадиран од Турција главниот осомничен за организирање на убиството на Вања и Панче“, се вели во соопштението од Европскиот сојуз за Македонија. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат