КАДЕ ГО ИМА ОВА, ВИКНЕТЕ ПОЛИЦИЈА ДА НЕ ОСЛОБОДИ, ЗАКЛУЧЕНИ СМЕ - нема мир во Собранието, Џафери ја заклучи вратата за да се пребројат пратеници
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2022 06:15
Нема мир во законодавниот дом на земјава. Вчера доцна вечерта, во салата каде што се одржуваат пленарни седници, беше заклучена вратата. Според собранискиот спикер, Талат Џафери, ова беше направено со цел да се пребројат присутните пратеници.
Овој настан пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нарекоа дека е неделовничко делување на Џафери и ограничување на правото на движење.
„Викнете полиција за да знае дека сме заклучени и да не ослободи“. Ова го повикуваа повеќе пратеници на опозицијата, а може да се види од видеото објавено на фејсбук профилот на пратеникот Миле Лефков. Пратеникот Мицeвски пак стоеше до заклучената врата, а неколкупати беше прикажана и снимка дека вратата не може да се отвори.
Некои пратенички тропаа по собраниските врати, а на снимката на Лефков се слуша гласна расправија на опозиционерите со Џафери.
Беа прикажани и празните пратенички клупи на владеачката коалиција, а од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека на овој начин со заклучена врата, нивни пратеници нема да може да се пријават за збор на седницата.
„Кого заклучуваш? Ќе ѕвонам на полиција да те пријавам, бе. Кој ти дава право?“, извикуваше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Инцидентот се случи по 22 часот. Претседателот на Собранието.Џафери бараше од опозиционерите да направат список на пријавени за збор по 15 точка – Дополнет предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Опозицијата реагираше и зошто Собранието продолжува со работа толку доцна.
Состојбата се смири откако службите ги пребројаа пратениците по што вратата на салата беше отклучена. Во салата беа присутни 38 пратеници.
Претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека, согласно Деловникот, Собранието може да работи без кворум, но не може да одлучува.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




