Каде отпатува Заев па рочиштето за „Поткуп“ се одложи?
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Рочиштето за случајот „Поткуп“ во коj е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска се одложи бидејќи тој не дојде.
Заев бил на службено патување во Тирана, Албанија на седница на Парламентарниот совет на Европската Унија.
Заев се товари дека како градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Според обвинението, една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица. Заев тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот.
За овој случај Заев претходно кажа дека е „наместен“ и дека бил прислушуван неовластено пет години.Следното рочиште е закажано за 22 ноември.