Каде заминуваат и што работат струмичаните кои се откажуваат од земјоделството?
Објавено во: Економија 27 Јули, 2022 09:55
Жители на струмичките села ги оставаат нивите разочарани поради ниските приходи во земјоделството, и заминуваат во европските земји за да си обезбедат подобар живот. Возат камиони, работат како градежници, се селат во Германија, Швајцарија, Словенија, кој каде ќе се снајде.
Луѓето кои останале во струмучките села, велат дека не може да се прави споредба некогаш и денес, затоа што порано имало многу луѓе кои живееле од земјоделство, а денес не е така.
„За десет години мислам дека половина од луѓето кои работеа, се откажаа од земјоделството. Моите свекор и свекрва живееја од земјоделство, а јас и сопругот работевме во фабрика во Струмица. Сега многу малку луѓе останаа на земјоделство. Јас не работам, но соседите велат дека сите трошоци се 100 отсто покачени, ѓубрива, препарати и нема некоја заработка. Млад свет нема. Тие бегаат во Швајцарија, Германија, а дел и во Словенија. Се сеќавам дека во Куклиш порано имаше многу пластеници, земјоделството производство беше доста присутно и во селото Баница, но работите многу се сменија“, раскажува повозрасна жителка на Вељуса.
На интернет има многу огласи каде се продаваат плацеви, ниви, но и куќи во струмичките села со добра местоположба и плодна почва.
„Пред 30 години, иако моите родители имаа работа, сепак во село садеа пиперки, бостан, тутун, и со тие пари одеа на одмор, школуваа деца или пак вложуваа во куќи. Сега младите избегаа во Германија, Швајцарија, Австрија, Словенија, кој каде ќе се снајде. И во најголемите струмички села веќе не е како што беше“, вели Тони од Струмица.
Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион објаснува дека оваа година од некои култури се во загуба и нормално дека луѓето ќе се откажуваат од земјоделската работа.
„Луѓето заминуваат во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија, Словенија, а некои работат како угостители во Хрватска, затоа што видоа дека тука нема фајде. Поголем процент работат во градежништво. Можно е дел од луѓето да работат земјоделство во странство, но штом не се враќаат назад, значи дека сепак им е подобро од тука. Во Василево луѓето кои се занимаваат со земјоделство се на возраст над 60 години, некои дури и 70, а можеби 10 отсто од жителите имаат работа во Струмица, но и тие при прва прилика, ако им се укаже можност, ќе отидат во странство“; додава Велков.
Според него, ако секоја педа земја во струмичко се обработува, со добри мерки за стимулација од државата, потребите за храна во Македонија ќе бидат задоволени.
Оваа година струмичани имаа поплаки поради ниските цени на бостанот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, се регистрирани 516,733 хектари обработливаповршина, која во споредба со 2020 година е намалена за 0.1 отсто.
Во 2020 година се регистрирани 517.039 хектари обработлива површина, која е намалена за 0.5 отсто во споредба со 2019 година.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




