18 Декември, 2025
0.0533

КАЕВСКИ ЗА ВИДЕОТО СО ИГРИЦИТЕ: Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, но некогаш не сакате да слушате флоскули и празни реченици

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2022 11:10

Добивај вести на Viber

Новинарот од Алфа телевизија Матеја Петровски, на социјалната мрежа фејсбук сподели видео од собраниска дебата на Комисијата за политички систем и однпоси меѓу заедниците, на кое се гледа како пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски, игра една видеоигра на својот мобилен телефон.

„Да го поминам нивово и почнувам со грижа за државата“, напишал Петровски.


Тоа се се случуваше додека на говорницата говореше неговата колешка и политичка ривалка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова. 

Фактор побара изјава за ова од пратеникот Каевски, зошто тоа се случило на собранисјка комисиска дебатра.

„Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсустувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом“, изјави Каевски за Фактор. 

Ова видео предизвика незадоволство од дел од граѓаните на социјалната мрежа фејсбук. 

Меѓу нив имаше и такви во кои граѓаните се прашуваат дали за тоа ги плаќаат нмародните избраници, за да се играат тертис на работа, па шеговит коментар дека е тежпок жиовотот на пратениците, но и таков дека тој го поминал нивото на игрфата, па дали му требаат врски.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив