Добивај вести на Viber
Луѓето имаат стравови. И тоа од секаков тип. Ова тврдење секако не е некое ново откритие. Сепак психолозите веруваат дека општите стравови се јавуваат и преставуваат проблем коха се соочуваме со финасиски проблеми. Што би рекло се јавуваат стравови околу тоа како да ги решеме финасиите и потоа порблеми се натрупуваат додека проблемите не се решат. Според едно истражување ова се најголемите стравови од финасиска природа со кои мора да се соочиме:
1. Страв од буџетирање:
-Многу е значајно да се прават финасиски планови. Луѓето избегнуваат да направат буџет, бидејќи се плашат од резултатот што може да го добијат. Сепак ова ќе биде првиот чекор во справувањето со проблемите. Едноставно мора да знаете колку може да трошите и да бидете дисциплнирани и да се држите до тој план. Најдобро е да се почне со мали планови и тоа за неколку дена. Кога ќе стекнете дисциплина, проширете ги плановите на неделна, а доколку се фукционира и на месечна основа. Многу е битно кога пред себе ќе ги имате сите трошите. И не заборавајте – БИДЕТЕ ДИСЦИПЛИНИРАНИ.
2. Бидете искрени:
-Финансиска неверност – овој термин е измислен и се користи во ситуации кога на партнерот не му кажувате за она што сте го купиле. Без разлика дали станува за помала работа или поголема како земање на кредит, многу е значајно заеднички да ги споделувате сите финасиски проблеми и идеи. Многу парови кога земаат кредит бараат од банкарите никаде да не се спомене името на брачниот партнер и истиот да не биде известуван за ништо. Најдобро е да се најде начин со кој заеднички ќе ги менаџирате финасиите.
3. Страв од земање кредит:
-Постојат и вакви примери. Од страв да не заглават голем дел од луѓето се плашат да земат кредит. Секако доколку сте невнимателни може да имате големи проблеми. Сепак кредитот не е така лош. Впрочем светот постојано се движи на кредит. Започнете со внимателно разгледување на кредитните калкулатори. Видите и анализирајте што можете да си дозволите. Направте среднорочен план на вашите примања и можно е да дојдете до кредит кој ќе си го дозволите и ќе ви помогне за решавање на одредени обврски од финансиска природа.
4. Страв од разгледување на сметките:
-Голем број на луѓе дозволуваат сметките да им се натрупуваат. Ова е огромна грешка која може подоцна скапо да чини. Мора да се соочувате со заостанатите сметки и да знаете дека доколку ги тргате на страна тие нема да исчезнат. Видете во каква ситуација сте се нашле и ВЕДНАШ барајте решение. Проблемите не се решаваат сами.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.