Како да го исушите телефонот доколку ви падне во вода
Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2014 22:40
Веднаш после паѓањето во вода пристапете кон „операцијата“ спасување, за да не дојде до оксидација на плочата и другите делови од внатрешноста на телефонот. Најдобро е да го однесете телефонот веднаш на сервис, но доколку не сте во можност обидете се со следново.
Најпрво извадете ја батеријата (дури иако е празна)! Извадете ја СИМ картичката! Сите видливи делови на телефонот избришајте ги со мека крпа. Раздвоете го телефонот колку што е можно и отстранете ги капките во внатрешноста.
Не сушете го телефонот со фен! Сушењето со фен само ќе ја турне водата таму каде што не стигнала и ќе направи поголема штета. Користете усмукувач, употребете го најтенкиот отвор, а доколку немате усмукувач оставете го телефонот да се исуши сам, околку пола час. После сушењето ставете го телефонот на место кое собира влага - во сад со ориз! Оставете го телефонот или смартфонот така цела ноќ и повремено мешајте го оризот, како зрната од новиот ориз би го заменила местото со оние зрна кои веќе собрале вишок вода.
Помагаат и ситни топчиња!
Доколку имате можност да ги пронајдете малите кесички, обично оние кои ги добивате со облека или обувки, ставете ги околу телефонот, и тие можат да помогнат во собирањето на влагата - колку повеќе, толку подобро!
Заштитените топчиња се обично бели, а тие кои сеуште можат да собираат влага се безбојни, односно невидливи.
Значи, најдобро што можете да направите со телефонот, ако ви падне во вода, е:
1. Извадете ја батеријата
2. Не се обидувајте да го вклучите
3. Не полнете го веднаш после бришењето од водата
4. Исчистете го телефонот детално и ако немате што повеќе да направите-искористете ориз
5. Кога можете веднаш однесете го телефонот кај овластен сервис
Вака шансите да биде се во ред се најголеми, но дури ни тогап не можете да бидете сигурни дека телефонот ќе работи нормално или ќе работи вообичаено подолг временски период.
Можеби ќе ве интересира
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




