19 Декември, 2025
0.0428

Како да одржиме добар имунитет во есенско - зимскиот период?!

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2022 08:46

Добивај вести на Viber

Човековиот организам е во постојан контакт со бактерии, вируси и хемикалии и е изложен на зрачења и загадувања од различна природа. Механизмот кој има задача да го одбрани организмот од овие штетни влијанија се нарекува имунолошки систем.  Имунолошкиот систем е формиран од органи и клетки дистрибуирани низ целото тело, чија главна улога е заштита на организмот, препознавање на „непријателот”, како и неутрализиција / отстранување на штетните надворешни влијанија. „Непријателите“  од околината постојано го напаѓаат нашето тело и ја нарушуваат хомеостазата. Нарушувањето на хомеостазата на имуниот систем се манифестира различно, така што тој може да реагира прекумерно кон антигените, да не реагира доволно (имунодефициенција) или да реагира кон сопствените протеини (автоимуни болести). 

Имунолошкиот (одбранбениот) систем кај човекот функционира, односно дејствува преку два система и тоа: вроден имунолошки систем (неспецифичен) и стекнат / адаптивен имунолошки систем (специфичен). Бројни причинители можат да го ослабат функционирањето на овој систем, како што се: стрес, исцрпеност и хроничен замор, несоодветен начин на исхрана со намален внес на хранливи материи, витамини, минерали и антиоксиданси, лошо расположение, нехигиена, како и животен стил со недоволна физичка активност, долги и тешки болести, пушење и други штетни навики. 


Денес луѓето живеат динамичен и брз живот, исполнет со стрес и секојдневни пренатрупани обврски и најчесто не посветуваат доволно време на грижа за себе и своето здравје, се додека не се појави некој здравствен проблем. Преку внесување на додатоци во исхраната богати со витамини и минерали, можеме да го зајакнеме имунолошкиот систем и да му овозможиме поткрепа и нормално функционирање, да ги надополниме недостатоците на витамини и минерали кои што не се внесуваат доволно преку исхраната, како и да придонесеме за намалување на замор и исцрпеност. Витамините и минералите се исто така особено важни и кај деца, трудници и спортисти каде што потребата од истите е зголемена.

Еден од најважните и најефикасни витамини е витамин Ц, моќен антиоксиданс кoj работи против стресот, го забавува стареењето, претставува природен антихистаминик (при алергии) и помага за побрзо заздравување на рани и синтеза на колаген. Покрај витамин Ц, ќе го спомнеме и Б-комплекс, комплекс од Б витамини есенцијални за нормално функционирање на нервниот систем, црниот дроб и дигестивниот систем во целина, како и за создавање на енергија и одржување на добро здравје на кожа, коса, очи. Во однос на минералите, меѓу најзначајните се калциум - составен дел од коските и забите, значаен за стимулирање, раст и делба на клетки, правилна работа на срцето и регулирање на коагулација на крв, цинк - минерал значаен за имунолошкиот систем, здравјето на очите и машките репродуктивни органи и магнезиум кој што е значаен за минерализација на коските, правилен раст и развој и производство на енергија и е особено важен кај луѓе со висок крвен притисок и грчеви во мускулите. Внесот на магнезиум преку исхраната може да биде мал, особено кај жените, што може да биде поврзано со одредени заболувања како остеопороза, висок крвен притисок, затнати артерии, срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар, па така, недостатокот треба да се надополнува преку суплементи. Тука ќе го спомнеме и железото кое учествува во процесите на клеточно дишење и е значајно во изградба на хемоглобин и миоглобин, чија употреба се зголемува кај деца, жени во репродуктивна возраст, спортисти и лица со улцеративен колит и хемороиди.

Поради тоа, особено во овој период на вируси, сезонски настинки и грип, практикувајте редовен сон и намалете го стресот, избегнувајте конзумирање на алкохол и цигари, конзумирајте здрава храна, многу зеленчук, овошје, јаткасти плодови и семиња, излезете на сонце (сончевите зраци го овозможуваат создавањето на витамин D во кожата), практикувајте редовна физичка активност и едноставно трудете се да водите здрав начин на живот.

М-р фарм. Филип Ачкоски

* ПР - објава

фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза