КАКО ДА РЕАГИРА ВАШЕТО ДЕТЕ АКО МУ СЕ ЗАКАНУВА КИДНАПИРАЊЕ? Целиот Балкан на нозе, се споделуваат видео совети за децата и родителите
Објавено во: Анализа 05 Декември, 2023 06:20
По многубројните случаи на исчезнати деца на Балканот, а и многубројни тврдења за наводни кражби на деца, на социјалните мрежи се споделуваат совети насочени кон родителите и децата, за тоа, како да се заштитат доколку се посомневаат дека некој сака да ги киднапира.
„Како вашето дете безбедно да стаса на училиште и безбедно да се врати дома?
Направете најбезбеден пат - исполнети места, осветлени улици, регулирани раскрсници! Избегнувајте опасни места: градилишта, гаражи, обраснати површини. Одете неколку пати со вашето дете по безбеден пат.
Објаснете им дека ништо не смее да им го одвлече вниманието (на пр. играње на детско игралиште); скратување и менување на трасата (дури и ако доцнат).
ВАЖНО Е ДА ГО ПАМЕТАТ телефонскиот број на еден од родителите напамет (и по можност и двајцата) - дури и ако вашето дете има свој мобилен телефон или часовник со СМС. Можат да се изгубат, уништат, скршат во најнеповолниот момент! Исто така, да ја знаат домашната адреса и целосното име на родителите.
Во случај на опасност, покажете му на детето каде може да влезе на безбедни места на вашиот пат за да побара помош.
Објаснете кому е побезбедно да се обратите за помош (чувар, продавач, мајка со дете).
Повторете ги правилата за патен сообраќај - да ја преминуваат улицата на семафор или пешачки премин.
Објаснете им дека не смеат да разговараат со непознати, особено ако некој им понуди нешто или ги покани во автомобил.
Познавањето и следењето на овие едноставни правила значително го зголемува нивото на безбедност на вашето дете и мирот на родителите.
ФОТО: Пиксабеј
Можеби ќе ве интересира
Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта
Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет
Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски
Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата
Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max
Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување




