Како да се спасите од присилна наплата: За една година наплатени 78 милиони евра
Објавено во: Економија 30 Април, 2018
Над 8,9 милиони евра платиле граѓаните и фирмите врз основа на решенија за присилна наплата за само еден месец. Толку вредат сите платежни трансакции кои се однесуваат на присилната наплата во декември лани за кога има и последни податоци. Оваа сума е различна за секој месец, но генерално ако се анализира 2017 година, присилните решенија растат и на број и по вредност. Од овие 8,9 милиони евра, од граѓаните присилно се наплатени 811 илјади евра, додека од фирмите се останатите над осум милиони евра. Но тоа е само за еден месец – во сите 12 месеци лани, решенијата за присилна наплата вредат дури 78 милиони евра. Од нив на граѓаните се однесуваат 7,8 милиони евра. Решенијата за присилна наплаата се однесуваат на неплатени, а достасани обврски врз основа на кредити, кредитни картички, но и неплатени сметки и извршни решенија. Се плаќа кон извршители, нотари и адвокати. Присилната наплата во земјава е причина за зголемениот револт на граѓаните кон извршителите. Против нивната работа, дури е закажан протест на 1 мај.
Решенија за кредитни рати и неплатени сметки
Статистиката на Народната банка покажува дека само во декември минатата година биле изготвени над 33 илјади решенија за присилна наплата од граѓаните и од фирмите кои се должници. Повеќето се за фирми, па така 18.184 решенија се за правни лица, додека 15.713 решенија се за физички лица. Бројките покажуваат дека во тој месец толку граѓани и фирми ги платиле обврските преку присилна наплата. Таква судбина месечно имаат по околу 10.000 граѓани во просек. Во некои месеци лани, решенија за присилна наплата имале и над 20.000 физички лица, но во некои месеци има и по околу 8.000 граѓани. Инаку декември и мај се месеците во кои решенијата за присилна наплата имаат најголема вредност.
Таква наплата се применува откако ќе се исцрпат другите можности за плаќање. Сепак граѓаните сведочат дека нивните сметки остануваат блокирани и присилно им се наплатува долгот и покрај тоа што не се завршени сите постапки. Понекогаш, велат, не ни знаеле дека имаат долг. Другата страна на приказната е зголемувањето на вкупниот долг поради трошоците за извршување.
Се повеќе блокирани сметки
Нема понови податоци за годинава, но според тие кои се однесуваат за лани, во декември блокирани се над 110.727 депоненти, односно лица и фирми. Од овие во последниот месец од годината со блокирани сметки завршиле над 80.000 граѓани, додека барем една блокирана сметка имале и над 30.000 правни субјекти во земјава.
Поголем е бројот на вкупни блокирани трансакциски сметки. Така во декември блокирани биле речиси 234 илјади трансакциски сметки, од кои на граѓани се 188.000 илјади.
Александра Мишовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.