19 Декември, 2025
0.1227

Како да стекнете практични вештини во сметководство, даноци и контрола на финансиски извештаи?

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2014 11:16

Добивај вести на Viber

Бидете учесник на најпосетуваната обука во Македонија во организација на Центарот за обука  Нова консалтинг и едукација. Досега 2000 задоволни учесници, 20 годишно искуство во едукација на вработени во финансовиот сектор, современо опремени простории, тестови, проекти, прирачници, софтвер. Обуката почнува 09 декември, а интересно е што има попуст од 3000  ден за невработени лица. Учесници на обуката може да бидат сите заинтересирани без разлика на возраста, стручната подготовка и работното искуство, што сакаат да се стекне со практични вештини во областа на сметководството, даноци, анализи, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување, а не само евидентирање на сметководтсвени настани. Стекнатото знаење од обуката претставува солидна основа за успешно работење на слушателите во: финансискиот сектор на компаниите од бизнис сферата, од државните органи или работа во банка. Обуката се одржува два пати неделно од 17:00 до 19:45 часот во просториите на Центарот за обука и едукација Нова консалтинг и едукација
„Нашите обуки се значајни како за младите кои штотуку навршуваат високо образование, а немаат практично искуство кое честопати е предуслов за вработување, така и за сите оние кои имаат амбиција да бидат или се наоѓаат на менаџерска позиција во финансиските сектори. Тука спаѓа и онаа група на сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се запознаат со даночното законодавство заради намаллување на даночната изложеност во нивната компанија. Покрај тоа, оваа проблематика секако ги засега најмногу и оние кои се стремат кон даночните консултанти бидејќи на обуката добиваат практична примена на сите закони поврзани со оваа област. Со оглед на динамиката и апетите за раст и развој на бизнисите денес, овие знаења и вештини кои ние ги пренесуваме на нашите слушатели се неопходни за успешна интеграција во бизнис заедницата“, вели Кристина Тилиќ овластен ревизор и основач на Нова Консалтинг и Едукација.
Програмски модули се следни: -Концептуална рамка на финансиско известување -Практично евидентирање на настани по основ на средства, приходи, расходи, обрски и капитал -Практично водење на залиха на материјали, стоки за натамошна продажба, основни средства -Класификација на средства и обврски од аспект на рочност (тековни/нетековни) -Практична примена на Данок на додадена вредност -Пресметки поврзани со евидентирани настани (амортизација, отпис на ситен инвентар, даноци и придонеси од плата) -Контрола на финасиски извештаи и нивна усогласеност со законски барања -Практична примена на законот за Данок на добивка и изготвување на даночен биланс -Бруто биланс, Биланс на успех, Биланс на состојба Учесниците по успешно изработен завршен тест ќе се стекнат со Сертификат за стекнати практични вештини за водење на сметководтсво, контрола на финансиски извештаи и примена на даночна регулатива. Наставата е водена од докажани тренери, овластени ревизори и извршни директори кои своето 20 годишно искуство несебично го пренесуваат на сите оние кои имаат за цел својата визија да ја реализираат со знаење.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА