19 Декември, 2025
0.2465

Како еден маж кој се откажал од факултет, станал милијардер?

Објавено во: Мои пари 15 Април, 2014 08:22

Добивај вести на Viber

Aldo Group продава чевли и додатоци во повеќе од 1750 продавници во 82 земји. Приходите на компанијата за 2013 година изнесуваa 1,8 милијарди долари, тврди портпаролката на Aldo Женвиев Шарп. Fирмата е со пазарна вредност од 1,7 милијарди долари, што значи дека извршниот претседател на Aldo Алдо Бенсадаун е милијардер. Всушност тој ја основал компанијата во 1972 година, за да продава дрвенo сабо(кломпи) во Канада. Историјата се развива во друга насока. Бенсадаун е одгледан во Франција. Во САД пристигнува за да студира во Cornel University, каде неговиот брат добива докторат. "Се чувствував целосно не на место", тврди Бенсадаун. Тој se откажува од Високата школа, а во одговор на тоа татко му престанува да му дава џепарлак. Случката  го принудува младиот човек да почне да продава енциклопедии од врата на врата во Њујорк. Токму тогаш успева да ги апсорбира трговските тактики и да сфака колку е важно како изгледаш. Малку подоцна Бенсадаун влегува во McGill University , каде дипломира со диплома по економија . Започнува работа за регионална компанија за чевли , а потоа  продава сабо во мали канадски синџир продавници. Младиот претприемач почнува од никаде, но никогаш не запира да гледа напред . Во 1978 година тој ја отвара првата продавница на Aldo во Монтреал , а во 80-тите години успева да развие бизнис и да отвори речиси 100 нови продавници. Во средината на 90-тите години фирмата му влегува на американскиот и израелскиот пазар , а во следната деценија продолжува инвазијата кон Европа и Азија . "Никогаш не мислев дека еден ден ќе го правам истото, што правеше татко ми", тврди Бенсадаун. "Дедо ми беше чевлар, а татко ми беше во бизнисот со чевли. Тој имаше продавници за малопродажба ". Всушност неговиот татко го продава семејниот бизнис, бидејќи неговиот син не покажува никаков интерес кон него. Денес Дејвид и Даглас, синовите на Бенсадаун, работат во Aldo Group односно како претседател по продажбата на мало и креативен директор. Во моментов, компанијата има 907 продавници во Канада, САД, Велика Британија и Ирска под брендовите Aldo, Call It Spring, Little Burgundy и Globo. Покрај тоа продава свои стоки во околу 870 други продавници во 78 земји. Со 1,8 милијарди долари од продажба, годишните приходи на Aldo Group се речиси исти како на Sketchers USA и се со 50% повисоки од оние на Crocs. Бенсадаун пак е момчето што некогаш продаваше енциклопедии, додека денес е вистински милијардер. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза