КАКО МУ УСПЕА ТОЛКУ ДА СЕ ЗАБИЕ - 29 годишен скопјанец со автомобил влета во нотарска канцеларија
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2020
Несекојдневен настан се случи утринава во главниот град на земјава. Дваесет и девет годишен скопјанец со автомобил „Опел Астра“ влетал во нотарска канцеларија лоцирана на крстосница во Автокоманда на булеварот „Александар Македонски.“, објави Курир.
Оштетувањето на објектот и автомобилот е големо, а за среќа возачот поминал со лесни повреди. Од МВР информирале дека несреќата е случена утринава околу 5:35 часот.
„А.Р. (29) од Скопје управувајќи автомобил „Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во објект лоциран на булеварот „Александар Македонски“, велат од МВР.
Лицето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди и му е укажана лекарска помош.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.
фото. Курир.мк