15 Јануари, 2025
0.0274

КАКО НАМАЛУВАЊЕТО НА 40 ПОЗИЦИИ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ДИРЕКТОРИ ЌЕ ГО ПОДОБРИ ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ? Се огласи Битиќи

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Денеска на седница на Комисија за здравство на Собранието се дискутираше за Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, кој првично беше донесен во 2007 година и оттогаш е менуван неколку пати, и тоа главно од сегашната владејачка партија. Сегашните измени повторно доаѓаат од истата партија, што укажува на недостаток на конзистентност и кохерентност во политиките. Признавањето дека законот, иако добронамерен, не функционира оптимално укажува на сериозни пропусти во планирањето и спроведувањето на здравствените реформи, напиша Фатмир Битиќи од СДСМ.

Тој вели дека „изјавите дека ќе се заштедат два милиони евра се неточни и манипулативни. Реалната заштеда од намалувањето на организациските директори е околу 950 илјади евра годишно, што е недоволно значајна во контекст на целокупниот здравствен буџет. Овие средства се еквивалент на буџетот за една градинка, што укажува на минорен ефект од мерките“.
„Бидејќи секогаш сум зборувал за ефикасно трошење на јавните средствата, мојата поддршка на овој предлог-законот се заснова само на економска гледна точка.
Меѓутоа, главното прашање кое останува е како намалувањето на 40 позиции на организациски директори ќе го подобри мерит системот и функционирањето на јавните здравствени установи. Постои сомнеж дека овие директори не биле мериторни за своите позиции, што поставува прашања за критериумите и процесот на нивно именување? Дополнително, рационализацијата и зголемувањето на ефикасноста се наведуваат како клучни точки во предлог-законот, но нема јасен план како овие промени ќе го подобрат квалитетот на здравствените услуги за граѓаните.

Сметам дека граѓаните треба да бидат информирани за конкретните чекори кои ќе се преземат за да се осигура дека намалувањето на административните директорски позиции нема да ја намали достапноста и квалитетот на здравствените услуги. Исто така, треба да се обезбеди дека средствата заштедени преку овој процес ќе бидат реинвестирани во системот за здравствена заштита за да се подобри неговата ефикасност и достапност.“ напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став