21 Декември, 2024
0.0391

КАКО НАСТАВНИКОТ ИЛЕ ГИ НАТЕРА ДОБРИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОМОГНАТ - собран прибор за сиромашните дечиња

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Наставникот Иле Михајловски од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Свети Николе имал училиштен прибор кој не му требал, па решил да го  донира. Но, тоа не било доволно за да помогне на повеќе дечиња.

„Решив да објавам пост на својот ФБ профил од повеќе причини кои ги објаснив во самиот пост: во нашата држава отсекогаш имало дечиња на кои и во нормални услови почетокот на учебната година им бил тежок. Стар искинат ранец, немање основен прибор. Бев малку изреволтиран по социјалните мрежи каде голем број родители беа со променливи мислење сакам – не сакам онлајн настава. Стравот можам да го разберам, ама за овие дечиња на кои полното стомаче им е најубавото чувство во денот никој не спомна ништо. Особено сега во време на Ковид-19 каде се случува на губење на работни места, минимална плата, бројот на вакви деца во државата се зголемува“, вели тој за Радио МОФ.

Според него, за овие деца небитно е како ќе започне учебната година, бидејќи тие немаат ниту тетратки и моливи, а не пак, како што вели наставникот, таблети, паметни телефони или компјутери.

„Затоа во постот напишав ‘Заборавените деца и училиштето’. Правото на образование е право на секое дете“, појаснува Михајловски.

По објавата, почнале да се јавуваат пријатели и сограѓани кои ја препознале неговата идеја и желба да се помогне, дури и од странство.

„Луѓе кои ме познаваат пред сè како човек, но и како наставник кој максимално се вложува во децата искажуваат желба да се вклучат , што ме прави бескрајно среќен. Почна од малку, ама од ден во ден бројот на луѓе кои донираат се зголемува. Морам да признаам дека фидбекот кој се случува овие денови не го очекував. Немам отворено сметка, па најчесто ме контактираат преку ФБ или телефонски. Сите кои се јавија досега, а се надвор од Свети Николе, сме се слушнале, договориле и дел од договорените средби се случиле и се преземала донацијата“, изјавил наставникот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат