Како против отпорот кај родителите: Од догодина уште две задолжителни вакцини
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2018 06:50
Моето дете има 5 години и нема примено ниту една вакцина. Вакцинацијата моравме да ја одложиме поради компликации при раѓањето и поради сугестиите од педијатрите моравме така да постапиме. Но, кога поминаа девет месеци и кога требаше да почнеме да ги примаме вакцините, јас како мајка решив да не ја вакцинирам мојата ќерка консултирајќи се со други мајки. Според мене вакцините се непотребни, а на социјалните мрежи се почесто можеме да прочитаме дека тие се причината за неизлечливи болести-вели една мајка која се вбројува во оние родители кои се противат на задолжителната имунизација, која од оваа година е услов за запишување на децата во предучилишните установи.
Се посилно антивакцинално лоби владее во регионот, а и кај нас од година в година расте бројот на родители кои одбиваат да ги вакцинираат сопствените деца. Најголем виновник за одбивноста на родителите според познавачите е токму Интернетот каде родителите може да прочитаат секави непоткрепени текстови.
Повеќето од нив се збунети и дезинформирани со информациите кои се пласираат преку социјалните мрежи и форуми, како и преку меѓусебните разговори на младите родители, вели и актуелната директорка на Клиниката за детски болести и имунолог Катарина Ставриќ која открива дека од следната година ќе бидат воведени уште две задолжителни вакцини за пнеумокок и за рота вирусна инфекција кои ќе се спроведуваат во првата година. Со тоа Македонија ќе се изедначи со вакциналните календари на европските земји.

Таа додава дека според Уставот на секој граѓанин му е загарантирано правото на здравствена заштита. Секој граѓанин има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.
„Со вакцинирање на децата родителите го чуваат здравјето на сопственото дете, но истовремено со тоа го чуваат и унапредуваат здравјето и на другите деца. Со тргнување во градинка и во школо, децата треба да бидат индивидуално заштитени, но истовремено треба и да се чува и здравјето на сите деца во училиштето или градинката тое е т.н колективен имунитет. Ретко постојат одредени контраиндикации за вакцинација и тоа се одредени состојби кај кои привремено не се спроведува вакцинацијата затоа што овие деца се под ризик од разболување“, додава Ставриќ која нагласува дека и тие деца имаат уставно право да посетуваат градинка и школо, но да бидат заштитени од потенцијални инфекции за кои постои превенција.
Доколку опфатот со вакцинација е под 95% постои зголемен ризик за појава на заболувањата особено кај тие кои не се вакцинирани. Затоа е потребно сите деца да се вакцинираат согласно календарот за вакцинации, вели имунологот Ставриќ.
„На раѓање секое новородено дете во породилиште прима БЦГ и прва доза за хепатитис Б. После тоа се започнува од 2 месечна возраст со примоимунизација за Дифтерија, тетанус, пертусис, хемофилус и полиомиелит со тоа што на 2 и на 6 месеци примаат шестовалентни (дополнително и хепатитис Б) а на 4 месеци петовалентна вакцина. Следна вакцина во календарот е вакцина за морбили рубеола и заушки на 12 месеци и прва ревакцина за дифтерија, тетанус, пертусис, хемофилус и полиомиелитис на 18 месеци.
Следните ревакцини следат во школска возраст, објаснува директорката на Клиниката за детски болести.
Вакцинацијата влог за здраво дете и возрасна личност
Вакцините се спас за човештвото и најголема придобивка, велат повеќето педијатри во државата.
„Се обидувам да им одговорам на сите нивни прашања со одговори поткрепени со научни докази за да им ја објаснам важноста на вакцинацијата како една од најдобрите придобивки на човештвото. Децата се заштитуваат од болести кои се шират многу лесно и може да се предизивикаат епидемии. Тоа се особено тешки болести во доенечкиот период и не ретко може да завршат и со летален исход или да остават доживотни последици по здравјето на детето“, дополнува проф.др. Ставриќ .
Сепак има и родители кои го менуваат мислењето за вакцините по разговор со стручни лица и имунолози но драстичниот пад на опфатот со имунизација во последниве години ја вброи Македонија во групата на високоризични земји за ширење на заразни болести. Здравствените власти се загрижени дека доколку овој тренд продолжи и понатаму, може да се случи појава на епидемија на болести кои се одамна искоренети.Ирена Ставрова
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




