01 Ноември, 2024
0.0318

КАКО ТИВКАТА БОЛЕСТ СТАНУВА ОПАСНОСТ: За латентната туберкулоза и нејзиното ширење д-р Злате Мехмедовиќ

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Туберкулозата, болест што одамна се сметаше за контролиран здравствен проблем, се враќа со зголемена инциденца, особено по глобалната ковид-пандемија. Податоците покажуваат дека бројот на случаи на туберкулоза во Македонија бележи значителен пораст оваа година, укажувајќи на предизвиците во дијагностиката и контролата на болеста. Д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести вели дека ситуацијата бара посветен пристап и дека бројките на нови случаи се показател на преносот на инфекцијата во заедницата.

„Ако ги анализираме податоците за новооткриени случаи на туберкулоза пред 2019 година, можеме да видиме дека во тој период имало околу 200 годишно пријавени случаи. Сепак, во текот на годините на пандемијата, овој број значително се намали, на само 144 новооткриени случаи. Бројките укажуваа на постоен пад поради неможноста за откривање на претходно скриени случаи на туберкулоза како резултат на ковид кризата,“ изјави д-р Мехмедовиќ.

Со укинувањето на рестриктивните мерки, здравствените установи повторно започнаа со рутински прегледи и евидентирање на нови случаи. Во текот на 2023 година, бројот на активни случаи е зголемен на 290, а оваа статистика, според д-р Мехмедовиќ, ја одразува комплексноста на јавноздравствените предизвици што ги носи туберкулозата.

„Во Македонија во 2023 година забележува зголемување вкупен број на активни случаи, односно се регистрирани вкупно 290 случаи, при тоа се применуваат сите потребни мерки и препораки поврзани со туберкулозата, кои се предложени од СЗО,“ додава тој.

На глобално ниво, проценките на СЗО укажуваат дека околу една третина од светската популација има латентна туберкулоза, која не предизвикува симптоми, но може да стане активна под одредени услови. Д-р Мехмедовиќ истакнува дека активирањето на латентната инфекција е особено поврзано со компромитиран имунолошки систем.

„На глобално ниво, се проценува дека приближно една третина од населението има латентна туберкулоза. Оваа состојба укажува на присуство на Mycobacterium tuberculosis кај индивидуи кои во моментот немаат активна инфекција или не покажуваат никакви симптоми на болеста. Сепак, различни фактори можат да ја променат оваа состојба.“

Мехмедовиќ детално објаснува како одредени здравствени состојби можат да го активираат овој латентен облик на инфекција и да предизвикаат симптоматска болест која е пренослива.

„Промените во имунолошкиот систем – поттикнати од болести како што се ХИВ или дијабетес, пад на имунитетот поврзан со возраста или други имунокомпромитирачки состојби – може да предизвикаат латентната туберкулоза повторно да се активира во манифестирана туберкулоза. Клучната грижа за манифестираната туберкулоза е тоа што, во оваа фаза, болеста станува пренослива на други.“

Според него, преносливоста на туберкулозата во манифестирана фаза го зголемува ризикот за јавноста.

„Така, кога поединците преминуваат од латентна туберкулоза во манифестирана фаза на болеста, тие се способни да ја шират инфекцијата пред таа да биде дијагностицирана или регистрирана од здравствените системи. Ова значи дека до моментот кога ќе се документира случајот, болеста можела да се пренесе на други, што ги комплицира реакциите на институциите за јавно здравје и мерките за контрола.“

Воведувањето на иновативни решенија, скрининг тестови и едукација за рано препознавање на симптомите се дел од препораките на СЗО за спречување на ширењето на туберкулозата, која до 2050 година е поставена како цел да биде речиси искоренета.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор

ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

ПОЗНАТО КОГА И КАДЕ ЌЕ ПОЧИВА ЗОКИ ФАЦИ: Лазаров објави кога ќе биде погребот

ПОЗНАТО КОГА И КАДЕ ЌЕ ПОЧИВА ЗОКИ ФАЦИ: Лазаров објави кога ќе биде погребот

„ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ТУНЕЛ КОН БУГАРИЈА“: прифатени трите барања за доградба на пругата кон соседите

„ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ТУНЕЛ КОН БУГАРИЈА“: прифатени трите барања за доградба на пругата кон соседите

МИЦКОСКИ ГО СЛЕДЕЛЕ СО ДРОНОВИ: „Го разузнавале претседателот на опозицијата“, премиерот најавува одговорност

МИЦКОСКИ ГО СЛЕДЕЛЕ СО ДРОНОВИ: „Го разузнавале претседателот на опозицијата“, премиерот најавува одговорност

НАЈБЛИСКИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД ЗОКИ ФАЦИ: Веста за неговата смрт ја шокираше Македонија

НАЈБЛИСКИТЕ СЕ ПРОСТУВААТ ОД ЗОКИ ФАЦИ: Веста за неговата смрт ја шокираше Македонија