МИЦКОСКИ ГО СЛЕДЕЛЕ СО ДРОНОВИ: „Го разузнавале претседателот на опозицијата“, премиерот најавува одговорност
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024
На вчерашните пратенички прашања беше прилично жестоко. Нервоза, краници и меѓѓусебни обвинувања помежу опозицијата и власта.
Големо внимание привлече кога премиерот Христијан Мицкоски рече дека бил мета на следење од страна на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат.
„Тука еве е поранешниот министер за внатрешни работи , до него често допираше гласот, но за жал немаше резултати кога стануваше збор за опозицијата. Но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, дронови над мојата куќа во Прилеп, кога одам на терен се креваат дронови и тоа е се замислете во белешките на службите кои што треба да разузнаваат или контраразузнаваат . Го разузнавале претседателот на опозицијата. Нормално е тоа? И сега се уплашени. Јавноста ќе дознае, но јас нема да правам естрада и театар. На затворена владина седница сето тоа ќе биде презентирано , ќе ги согледаме сите законски можности да сето тоа се декласифицира. Нема спас, не им бега одговорност, порача Мицкоски.
Говорот за оваа тема може да го погледнете тука.