Каква е денешната состојба на патиштата низ Македонија
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2015 10:28
Од центарот за известување на АМСМ за денешниот ден соопштуваат:
Магла со видливост 50 – 100м има на патен правец Дебар – Маврово, на П.Шапка и на планинскиот премин Стража.
Според ДЦС МВР, по извршената контрола и увид на поставената патна сигнализација за времена измена на режим на сообраќај, заклучно со 28.12.2015 година, состојбата е следна: aвтoпат Велес - Куманово - сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, aвтопат Куманово - Велес - нема изменет режим, aвтопат Скопје – Куманово - сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сe до приклучокот на автопат Велес -Куманово, aвтопат Тетово – Велес - запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози освен на осојничавите места.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.Од 15 Ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.
Што се подразбира под зимска опрема, можете да прочитате во Правилникот за задолжителна опрема во возилото.Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




