28 Октомври, 2024
0.0272

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Професорот Гордан Калајџив, дел од комисијата на претседателката Гордана Силјановска Давкова за помилување, во поткастот „На кавга со Иван“ рече дека актот со кој го ослободиле  Акиф Равманоски е суштински идентичен како првостепената судска одлука на лидерот на нарко кланот „Барон“.

- Човекот за кој се води дека е шеф на банда по судските списи е осуден за еден пиштол дома и пет куршуми. При тоа првостепениот суд, исто како и комисијата, му дал условна осуда. Апелација пак, што сум се зачудел како ги менува казните со многу построги, ги менува условните и паричните со казна затвор. Значи тој не е осуден за шеф на банда, рече експертот во студиото и при тоа додаде дека тие не добиваат разузнавачки извепштаи за да го знаат поширокиот контекст.

Денеска премиерот Христијан Мицкоски пак рече дека Равманоски веќе е во притвор за ново дело, откако беше уапсен само што го напушти Идризово со актот за помилување од страна на Силјановска Давкова.

- Тој случај е кукавичко јајце снесено од претходната влада кој требало да имплодира во овој период. Знам лицето дека е повторно приоведено и дознав дека има уште неколку дела кои се поврзани со ова лице. Она што го збнам е дека веќе доби истото лице 30-дневен притвор, рече Мицкоски.

Помилуваниот припадник на нарко кланот Барон повторно доби лисици на раце. Излегол од Идризово  со документот дека е помилуван од претседателката за казната за оружје но сега му се заканува враќање зад решети во Шутка затоа што обвинителството бара притвор поради истрага за убиство во обид . Осомничен е дека пред десетина дена во Чаир тој го застрелал во нога припадник на кланот Грчец. Тогаш осуденикот Равмановски излегувал од затворот со  дозвола за работен ангажман. Покрај за ова дело осомничен е и за учество во тепачка.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков