КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ НАМАЛЕНИ - просечната камата за компаниите 4,46, за домаќинствата повисока, еве ги деталите
Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2025 10:20
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во септември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,05 п.п. и 0,56 п.п. и изнесува 4,85 проценти.
Што се однесува пак до просечната каматна стапка на вкупните депозити која изнесува 2,20 отсто, кај неа е забележан месечен и годишен раст од 0,01 п.п. и 0,19 п.п., соодветно.
- Во септември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари
месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. и 0,51 п.п., соодветно и изнесува 4,47 проценти.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,23 отсто и бележи
месечен раст од 0,17 п.п., додека на годишна основа е намалена за 0,37 п.п - се посочува во соопштението на Народна Банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во септември 2025 година, е намалена за 0,06 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,46 процент. Надолната промена според НБРСМ се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,37 п.п. и 0,04 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи намалување за 0,69 п.п.
- Во септември, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор оствари месечен раст од 0,03 п.п. и изнесува 4,36 проценти. Анализирано по валута, зголемувањето е резултат на растот на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,53 п.п. и 0,10 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула бележат намалување (за 0,01 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,42 п.п - се појаснува во соопштението.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, овој месец, се зголеми за 0,07 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 2,60 отсто. Промената произлегува од зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута и на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,17 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула остварија пад (за 0,02 п.п.). Оваа каматна стапка е повисока за 0,26 п.п. на годишно ниво.
– Во септември 2025 година, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,73 проценти и забележа месечно намалување од 0,13 п.п. Притоа, падот во целост се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,37 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,51 п.п.). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во споредба со септември претходната година, просечната каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,41 п.п - се прецизира во објавата.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во септември, оствари
месечен пад од 0.03 п.п. и изнесува 5,24 проценти. Промената на месечна основа е резултат
на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна
клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и на каматните стапки на кредитите во
странска валута (за 0,01 п.п.). Годишниот пад на оваа каматна стапка изнесува 0,42
п.п.
Во септември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата се намали за 0,07 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,61 отсто. Месечниот пад произлегува од намалувањето на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,23 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,66 п.п.
Овој месец, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 2,14 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,17 п.п.
– Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во септември, забележа месечно зголемување од 0,27 п.п. и изнесува 2,45 проценти. Притоа, растот во целост е резултат на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,37 п.п.), во услови на пад на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,28 п.п.). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во споредба со септември 2024 година, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата оствари пад од 0,34 п.п - објаснуваат од Народна банка.
Можеби ќе ве интересира
Како Кина го турка доларот - глобалната улога на јуанот станува сè посилна
Балканците кои заминаа да работат во оваа земја се враќаат полни со пари: Поблиску е од Германија, а платите се многу повисоки
Кога километражата „зборува лага“: Илјадници Македонци купуваат автомобили со вратена километража
МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји
МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број
Царини и за пратки под 150 евра – еве од кога важи новата одлука
„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите
Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“
(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица





