Камчев: Отворен сум за соработка со СЈО
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018
Во врска со денешниот инспекциски надзор во дел од фирмите поврзани со Орка Холдинг ви ја пренесуваме изјавата на Извршниот директор на Орка Холдинг, Јордан Камчев.
„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3 000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор.
Компаниите во кои сум сопственик со целосна одговорност, изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија, и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење.
Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред се во интерес на одржување квалитетна бизнис клима, и економски просперитет во земјава“-стои во соопштението испратено до нашиот медиум.