КАМЕРИТЕ СЕ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ БЕЗБЕДЕН ГРАД И НЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА: Ќе се користат за документирање сообраќајни прекршоци
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2023
Откако во јавноста се крена паника дека се поставени нови камери кои веќе ги евидентираат сообраќајните прекршоци, од МВР велат дека се работи на нивно поставување и дека откако ќе завршат активностите околу поставувањето, ќе ја информираат јавноста.
,,Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град” и откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите се уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста" , велат од МВР.