01 Декември, 2023
0.0335

„КАНЦЕРОГЕНОТО МЛЕКО СЕ ВРАЌА ВО СРБИЈА“: АХВ вели Трипуновски лажно шири паника

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Откако претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски објави дека на 21 септември оваа година во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво, се огласија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

„  Неосновано ширење на паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко по потекло од соседна Србија кај кое лабораториски е детектирано присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации. Граѓаните да бидат спокојни, “канцерогено” млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница, тоа се враќа во Република Србија согласно законски дефинираните процедури. За да нема идни шпекулации и замајувања на јавноста, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот по јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, на сила е Решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко која се увезува во земјава, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина. Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата. Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците. ,,Веста,, на Трипуновски за афлатоксинот во сурово млеко по потекло од една од поголемите млекарници е стара неколку месеци, иако и со неа денес се обиде да манипулира. Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не стасано во прометот“, се вели во соопштението на АХВ.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лавров го критикуваше ОБСЕ, но другите учесници на самитот ја критикуваа Русија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лавров го критикуваше ОБСЕ, но другите учесници на самитот ја критикуваа Русија

ЛАВРОВ БАРА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ОБСЕ: Средба со Османи и Борг

ЛАВРОВ БАРА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ОБСЕ: Средба со Османи и Борг

Борбата против корупцијата и перењето пари станува приоритет - еве што е договорено на Министерскиот самит

Борбата против корупцијата и перењето пари станува приоритет - еве што е договорено на Министерскиот самит

УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА: Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште во Велес

УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА: Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште во Велес

(ФОТО) Лавров испровоциран во Скопје

(ФОТО) Лавров испровоциран во Скопје

ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА ВО СКОПЈЕ: Се одржува Министерскиот совет на ОБСЕ (ГАЛЕРИЈА)

ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА ВО СКОПЈЕ: Се одржува Министерскиот совет на ОБСЕ (ГАЛЕРИЈА)

ЖОЛТА ПОТЕРНИЦА ЗА ВАЊА ВО ИНТЕРПОЛ: Сите членки се предупредени за нејзиното исчезнување

ЖОЛТА ПОТЕРНИЦА ЗА ВАЊА ВО ИНТЕРПОЛ: Сите членки се предупредени за нејзиното исчезнување

ОСМАНИ БЛАГОДАРЕН: Еве што објави министерот за надворешни работи

ОСМАНИ БЛАГОДАРЕН: Еве што објави министерот за надворешни работи

АКО ИМА НОВ ВОЕН КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ: Петровска вели, одговорноста е кај политичките лидерства на тие земји

АКО ИМА НОВ ВОЕН КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ: Петровска вели, одговорноста е кај политичките лидерства на тие земји