Канческа Милевска вели дека „ден потоа“ добила позитивни пораки и поддршка
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018
Пратеничката Елизабета Канчевска-Милевска, која пред четири дена беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ вели за Дојче Веле дека никој ништо нема да скрие, и сѐ ќе излезе на виделина.
Вели немала дилеми пред да гласа, и според неа, нема ништо лошо во нејзината одлука. Ден потоа тврди дека добила поддршка и многу позитивни пораки.
„Одлуката ја донесов без никаков притисок од ниедна страна, анализирајќи ја од многу аспекти целокупната состојба. И одговорно стојам зад мојата одлука. Сметам дека е неопходно да го направиме ова. Само на овој начин ќе видиме кој на каков начин и во минатото, и сега се залагал да го реши ова прашање кое ја попречува нашата евроатланска перспектива“, вели таа за Дојче Веле.
Изјави дека одлуката ја донела по сеопфатна анализа и дека тоа не било избрзано.