18 Декември, 2025
0.1900

Каратистот од Велес кој учествувал во киднапирањето на Вања уапсен во неговата школа за боречки вештини пред учениците

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023 10:28

Добивај вести на Viber

За киднапирањето и убиството на Вања Горчевска (14) се осомничени пет лица, а меѓу нив е и Боре Видевски, каратист од Велес, кој според македонските медиуми е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини, објавува „Информер.рс“.

Како што пишуваат медиуми, Видовски е приведен заедно со Велибор Манев и Влатко Кешишев.

Покрај киднапирањето, сите тројца се осомничени и за убиството на Вања Горчевска (14) и фризерот од Велес, Панче Жежевски (74), и сите тројца добија притвор до 48 часа.

Инаку, како што кажаа од обвинителството, на распитот откриле кога и каде биле убиени Вања и Панче.

- Го имаме признанието на осомничените кој за што одговара - изјави главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Според првите информации, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања бидејќи работата излегла од контрола.

- Тоа е нивната верзија - додаде Бубевски.

Уапсениот Видевски на своите профили на социјалните мрежи има фотографии од децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот бил карате мајстор и дека учениците и нивните родители го обожавале.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.

Видевски е тајно изведен на суд. Тој беше спроведен во судницата преку гаражата на судот, а потоа во лифтот до третиот кат.

По главниот осомничен за двојното убиство Љупча Палевски Палча е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30 ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија.

На Александар Горчевски, таткото на убиениот Вања, синоќа му е одредена мерка притвор до 48 часа.

Исчезнувањето и убиството на малата Вања предизвика голем интерес во јавноста, не само во Македонија, туку и во целиот регион. За потрагата и трагедијата пишуваат и медиумите во соседството. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми