19 Декември, 2025
0.0652

Kарлос Флорес Хуберијас: Топката е во рацете на Заев-излез се само нови избори!

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017 10:56

Добивај вести на Viber

„Топката во моментов не е во рацете на Никола Груевски или Ѓорге Иванов, туку во рацете на Зоран Заев. За мене е очигледно дека без јасна, недвосмислена и совршено формализирана рамка – договор за коалиција, туку само едноставна „подготвеност да се разговара“, која значи сомнеж во доволното мнозинство во Собранието, барањето на мандатот од претседателот нема никаква уставна основа. Член 90, кој „молчи“ за некои клучни аспекти на процесот, сепак е доволно јасен дека за да се добие мандатот, кандидатот мора да има мнозинство во Собранието. Зоран Заев досега го нема. Дали ќе го има во следните часови или денови? Дали некој друг има таква шанса? Ако одговорот е не, нови избори се единствениот излез“, професорот по Уставно право на Универзитетот во Валенсија, Kарлос Флорес Хуберијас за „Дневник“.

Тој вели дека Заев не може да го добие мандатот ако не понуди формален договор во кој ќе биде очигледно дека мнозинството пратеници се обезбедени.

Анализирајќи ги сите нејаснотии во членот 90 , вели дека постојат два јаза во него.

Првиот се однесува на значењето на изразот „партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“. Мандатот за формирање влада што го доби лидерот на ВМРО-ДМПНЕ, Никола Груевски очигледно се темелеше на тезата дека е доволно да се има просто мнозинство, за да се добие мандатот од претседателот, дури и покрај тоа што мнозинството потребно за ефективно назначувањето е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Јас лично верувам дека истото ова размислување ќе му овозможи на лидерот на СДСМ Зоран Заев да го добие мандатот од претседателот на државата, но само кога тој ќе му го докаже тоа на шефот на државата, со приложување формален договор за коалиција со други политички сили, со што ќе го увери дека има парламентарно мнозинство или поголемо во споредба со тоа на Груевски, објаснува Хуберијас.

Вториот јаз го лоцира во недостигот од прецизно уредување на тоа што се случува кога предложениот кандидат не успева да формира влада, односно колку време претседателот треба да чека за да сфати дека е невозможно да се формира влада.

Можеби ќе ве интересира

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги